Џенифер Лопез повторно доаѓа во српската престолнина. Латино дивата доаѓа на приватна забава на српски бизнисмен, кого тоа задоволство ќе го чини повеќе од 200.000 евра, пишуваат српските медиуми.
Лопез ќе слета со приватен авион на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ на крајот на мај, каде на пистата ќе ја чека луксузно возило, кое ќе ја однесе на локацијата каде ќе биде организирана забавата.
Бизнисменот, кој ја ангажира Лопез, веќе организирал забави каде присуствувале ѕвезди од светскиот џет-сет, а сега успеал да ја договори планетарно познатата дива.
„Планирано е Џенифер да биде два часа на забавата. Сѐ е веќе договорено преку нејзините агенти. Во цената е пресметан нејзиниот пат, престој и дружбата со славеникот и неговите гости. Познато е дека на аердромот ќе слета околу 18 часот. Од аердромот до локацијата на забавата ќе се вози еден час, а таму ќе се задржи околу час или два, по што се враќа назада во Америка. Нејзиниот тим не побарал никакви дополнителни услови, со исклучок на молбата медиумите да не присуствуваат на настанот, ниту да биде вознемирувана од гостите“, објаснува изворот за српски „Курир“.
„Со неа нема да биде нејзиниот сопруг Бен Афлек, тоа е сигурно. Сите останати детали околу нејзиното гостување ќе бидат познати пред самото доаѓање. Во договорот е наведено и тоа дека доколку пејачката биде спречена поради некои причини има право да го откаже доаѓањето и парите во тој случај ќе бидат вратени“, дополнува изворот.
Инаку, Џенифер Лопез доаѓа во Србија по вторпат. Таа имаше концерт во 2012 во Белградска арена. Тогаш во изјавите за медиумите изјавила дека е воодушевена од српската престолнина и дека би сакала повторно да се врати таму.