Џенифер Лопез се враќа на филмот. Во новиот филм таа ќе глуми стриптизета заедно со раперката Карди Би. Дејството во филмот ќе се случува во Њујорк, а ќе ја следи група бивши стриптизети кои сакаат да се обидат со кариера на Вол Стрит. Интересно е тоа што Карди Би во филмот исто така ќе има улога на стриптизета, а пред да ја започне нејзината музичка кариера таа токму и тоа го работеше.
„Луѓето често ме прашуваат зошто се занимавав со стриптиз. Не знам како да им кажам дека тоа го работев бидејќи ми требаа пари за да излезам од токсичната љубовна врска“, изјави раперката во една прилика.
Инаку, Џенифер и Карди се добри пријателки и во приватниот живот. Џеј Ло вели дека причината за тоа е што Карди ја потсетува на девојките со кои растела таа и на нејзиното семејство. Истакна дека одлично се разбираат и многу ја цени раперката.