Џенифер Лопез ја покажа завидната фигура во сатенски бикини (ФОТО)

by Тони Зографски

Џенифер Лопез ужива во европското лето, а нејзиното последно патување во Италија повторно го привлече вниманието на јавноста. Пејачката на Инстаграм сподели серија фотографии од одморот, на кои позира во бел сатенски комплет, со што уште еднаш го истакна својот препознатлив моден стил.

„Сезоната на Лавот продолжува“, напиша Лопез покрај објавата, алудирајќи на својот хороскопски знак.

57-годишната пејачка престојуваше во Италија со своите деца, близнаците Макс и Оскар, пред тие да заминат на колеџ, а патувањето го искористи и за неколку впечатливи модни изданија.

На фотографиите, Лопез позира пред гардероба исполнета со креации на „Dolce & Gabbana“, но наместо некоја од нив, избрала бел сатенски балконет градник во вредност од 445 долари и соодветен долен дел од 245 долари.

Изгледот го дополнила со бела везена марама на главата, очила за сонце, чевли со точки и бела чанта вредна 2.595 долари.

Подоцна Лопез облекла и бел фустан од тантела и перфорирана ткаенина, вреден 4.195 долари, под кој се гледала црна долна облека. И во ова издание ја задржала истата марама и очилата за сонце.

Нејзината европска летна турнеја, сепак, започна многу порано.

Во јули Лопез престојуваше во Париз, каде заедно со својата сестра Линда го прослави роденденот, откако претходно двете присуствуваа на Париската недела на висока мода.

Џенифер на 24 јули наполни 57 години, а роденденот го прослави со раскошна забава на која промени три различни модни комбинации, меѓу кои и креации од висока мода и дијаманти од „Chopard“.

По Париз, таа накратко отпатувала и во Лондон, каде присуствувала на Вимблдон. И таму нејзиниот стајлинг предизвика големо внимание, особено необично големата шапка што ја носела.

Следната станица била Италија, каде Лопез присуствуваше на прославите на „Dolce & Gabbana Alta Moda“.

За време на модниот настан, таа настапила во впечатливи креации и себеси се опишала како „кралица за една ноќ“.

По модните и музичките обврски, Лопез заедно со своите деца, кои ги има со поранешниот сопруг Марк Ентони, го завршила патувањето со семејна автомобилска тура низ Италија.

Со оглед на тоа што астролошката сезона на Лавот завршува на 22 август, Лопез има уште нешто повеќе од една недела да ја продолжи серијата впечатливи летни изданија што редовно ги споделува со своите следбеници.

останати вести