Џенифер Лопез е главна ѕвезда на новата насловна страница на магазинот Rolling Stone за март.
Лопез позира облечена во облека на брендот Balmain, а откако пред неполни 24 часа ја објави фотографијата од насловната на Instagram, пејачката доби над 1.7 милиони лајкови и безброј коментари со комплименти.
Повод за новата насловна страница е филмот „Marry Me“ во кој Лопез ја толкува главната улога заедно покрај Овен Вилсон.
Во интервју за магазинот таа проговори и за обновената врска со актерот и режисер Бен Афлек. Нагласи дека е среќна, дека и двајцата се истите луѓе од порано, но сега постари и поискусни.
Зборува и за филмот, филмската кариера, музиката но и за совршениот изглед во нејзината 53 година од животот.