Латино дивата Џенифер Лопез објави трејлер за спотот за нејзината нова песна „In The Morning“, во кој се појавува скоро целосно гола.
Во новото контроверзно видео, славната пејачка ја гледаме целосно гола со ангелски крилја, а нејзините најинтимни места на телото се изложени на очите на милиони луѓе ширум светот. Во моментите кога камерата ја снима одблизу, згодната 51-годишна жена успева да ги покрие градите, брадавиците и гениталиите со вешто осмислени пози, но сè е сепак многу провокативно и шокантно.
Џеј Ло на својот профил на Инстаграм објави краток инсерт од спотот објаснувајќи ја симболика и пораката што ја носи.
“Јас сум толку возбуден што имам видео запис за оваа песна пред вас. Полн е со симболика за мрачна, еднострана врска и сознание дека не можете да смените никого …Само самите себе можете да се промените! Раширете ги крилјата и оддалечете се од некого или од што било кој навистина не цени сѐ што имате да понудите “, напиша таа.
Спотот можете да го погледнете на следникот ЛИНК.