Џенифер Лопез стави точка- по четири неуспешни брака, веќе нема да се мажи (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Џенифер Лопез (55) изјави дека повеќе не планира да се мажи, откако минатата година го заврши бракот со актерот Бен Афлек.

Двојката се разведе по помалку од две години брак, а пејачката и актерка сега отворено призна за време на настапот дека повеќе не е заинтересирана за тоа.

Имено, за време на настапот во Билбао, Шпанија, Џенифер забележала обожавател од сцената како држи знак: „Џ.Ло, омажи се за мене?“ На тоа таа одговорила со насмевка: „Мислам дека завршив со тоа. Пробав неколку пати.“

https://twitter.com/i/status/1945600976720708040

Џенифер досега беше мажена четири пати – прво со Оџани Ноа, потоа со Крис Џад, потоа со Марк Ентони, со кого има две деца, а се омажи за Бен Афлек во 2022 година. Двојката имаше две церемонии – првата во Лас Вегас и втората во Џорџија. Сепак, во април 2024 година, тие поднесоа барање за развод, кое официјално беше финализирано во јануари оваа година.

останати вести