Џенифер Лопез има нова модна соработка. 53-годишната пејачка стана бренд амбасадор на Intimissimi.
За најновата кампања за пролет/лето 2023, Џеј Ло позираше во долна облека со свила и чипка и изгледаше ултра атрактивно.
„Чувствувам дека сум поврзана со Intimissimi. Тие ги охрабруваат жените да се чувствуваат самоуверено во сопствената кожа и што е најважно да уживаат во тоа чувство. Дизајните го рефлектираат тоа. Сите парчиња се елегантни, луксузни и погодни за носење“ – изјавила Лопез.