Џенифер Лопез не прави паузи со тренинзите, а нејзината посветеност очигледно дава резултати. Многумина се согласуваат дека на 50 години таа изгледа подобро отсекогаш.
Славната пејачка и актерка беше фотографирана со свршеникот Алекс пред тренинг. Ѕвездата од „Hustlers“ ги истакна облините во бели хеланки и кратка спортска блуза.
Инаку, Лопез за подготвува за сезоната на награди во Холивуд. Нејзината глума во „Hustlers“ наиде на многу позитивни критики, а веќе е номинирана за престижни награди. Исто така, таа ќе настапува на полувремето на Супер Боул, па се очекува динамичен спектакл.