Џенифер Лопез останала без здолништето среде настап: „Среќа што носев долна облека“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Џенифер Лопез имаше незгода за време на концерт во Варшава. Имено, додека танцуваше здолништето ѝ падна, а нејзината реакција ги насмеа нејзините обожаватели.

Пејачката се обиде да го фати здолништето, но не успеа, па само гордо позираше и рече: „Ох, овде сум во долна облека“.

Една од нејзините танчарки се обиде да ѝ го закопча здолништето, но без успех. На крајот, таа го зеде и го фрли во публиката.

„Драго ми е што додадоа слоеви на костимов и среќа што носам долна облека. Не носам долна облека поголемиот дел од времето“, рекла таа.

останати вести