Џенифер Лопез (55) и нејзиниот наскоро поранешен сопруг Бен Афлек пред неколку дена се видени заедно во хотел во Беверли Хилс. Тие дошле на ручек со нивните деца – нејзините близнаци што таа ги има со поранешниот сопруг Марк Ентони, а Бен бил во придружба на неговите две помали деца од бракот со Џенифер Гарнер.
Средбата на поранешните сопружници, судејќи според фотографиите пред хотелот, поминала доста нервозно. Лопез е забележана во автомобилот на Афлек како брише солзи додека тој избезумено мавта со рацете објаснувајќи ѝ нешто.
Што се случувало внатре?
Парараците кои ги следат во чекор немале пристап во внатрешноста на ресторанот на хотелот каде, судејќи според пишувањето на Дејли Меил, но и на ТЗМ, ситуацијата драстично се променила. Повикувајќи се на гостите во ресторанот, медиумите пренесуваат дека поранешните сопружници биле доста блиски, биле нежни еден со друг, се држеле за рака, па дури и се бакнувале?!
Децата, кои биле со нив, седеле на друга маса додека Џенифер и Бен разговарале и разменувале нежности. Ова е сосема спротивно од она што се случуваше во последните месеци откако актерот се исели од заедничката вила на крајот од месец мај.
Џенифер официјално поднесе барање за развод во август, на денот на нивната двегодишна венчавка, и се чинеше дека веќе е готово, но …
Љубовта на Лопез и Афлек може да се каже дека со сигурност се претвора во вистинска латино сапуница со заплети и пресврти достојни за имагинацијата на најпознатите сценаристи од овој жанр. Дека нешто се случило на ручекот со Бен некако потврдува и самата Џенифер, која веќе следниот ден е видена како оди во посета кај блиска пријателка.
Џеј Ло блескала во долгиот бел фустан, а насмевката не ја симнувала од нејзиното лице. Вака расположена не беше видена со месеци, поточно од моментот кога започнаа проблемите во бракот.
Дали парот можеби решил да ѝ даде уште една шанса на својата љубов и покрај тековниот развод или пак нешто друго е во прашање, само тие знаат.
Последниот пресврт се случи кога медиумите пишуваа за дружбата на Лопез и најдобриот пријател на Бен, Мет Дејмон, на филмскиот фестивал во Торонто, каде што беа фатени како се држат за раце, за само ден подоцна Афлек да биде фотографиран како ја бакнува сопругата на Мет, Лусијана, по косата.