Гласините за разводот на Џенифер Лопез и Бен Афлек се сѐ погласни, а познатата пејачка сега е фотографирана во автомобил со друг маж, кој ги изненади фотографите со необичен потег.
Имено, Лопез била видена како ги остава своите деца на училиште, а автомобилот го управувал нејзин пријател кој им го извадил јазикот на фотографите.
Да потсетиме, медиумите веќе извесно време пишуваа дека разводот е готова работа, а пејачката ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на својот нов филм. Двојката беше видена заедно на кошаркарскиот натпревар на синот на Бен, Семјуел, каде што исто така покренаа сомневања за развод со своето однесување.