Џенифер Лопез доживеа мала незгода во емисијата Saturday Night Live.
Имено, таа ја изведе својата нова песна Can’t Get Enough и енергично танцуваше со своите танчери.
Во еден момент, дел од надградбата на косата ѝ останал во рака, а таа само го фрлила на подот и продолжила со кореографијата.
Многумина беа позитивно изненадени од нејзината реакција, бидејќи повеќето жени веројатно би се вознемириле поради ова, но славната Џеј Ло не ѝ придаде никаква важност на оваа незгода.
https://twitter.com/i/status/1754011418083442974