Џенифер Лопез предизвика „хаос“ на социјалните мрежи со фотки на кои таа позира во тантела.
Популарната Џеј Ло на фотките позира во црн брус од тантела, црни сатенски пижами и со стилизирана коса.
53-годишната дива со овие фотки само уште еднаш покажа дека таа е како виното, и дека на нејзината убавина можат да и позавидат и двојно помладите девојки.
-Размислував… пријатна сесија за пишување за денес – напиша во описот на своите фотографии Лопез, а потоа подолу го означи италијанскиот бренд „Intimissimi“, специјализиран за производство на женска долна облека.