Џенифер Лопез (53) се чини дека никогаш не старее. Колку и одговара бракот со Бен Афлек, како и семејната идила за време на празниците, покажува и нејзината последна објава во која изгледа како мало девојче.
Овојпат таа за свечената божиќна вечера избрала слатка креација со потпис на „Гучи“ во која изгледала како девојче. Латино дивата се пофалила со празнично издание кое навистина воодушеви.
На фотографијата што ја објави на Инстаграм на Божиќ, Џеј Ло се појави во краток син фустан со машнички, со голема бела јака извезена со цвеќиња и бели манжетни.
Славната Лопез ја собрала косата во залижана, елегантна пунџа, а црвениот кармин му дал „vamp“ печат на нејзиниот аутфит.
Заедно со објавата во која позира во свечена облека, со елка и празнична трпеза, таа накратко напиша:
– Среќен Божиќ!!!