Џенифер Лопез сними нова верзија за песната „Can’t Get Enough“ во соработка со Latto.
Во видеозаписот, 54-годишната музичка ѕвезда заведува во неколку жешки изданија, истакнувајќи го своето тонирано тело.
„Can’t Get Enough“ ќе биде дел од нејзиниот претстоен албум „This Is Me… Now“. Според информации од странските медиуми, албумот ќе се состои од 13 песни, од кои 9 се посветени на нејзиниот сегашен сопруг Бен Афлек.