Џенифер Анистон неодамна им откри на медиумите кои работи ги прави секојдневно за да остане во форма.
Анистон за магазинот CR Fashion Book откри што прави секој ден за да го одржи сегашниот изглед. Имено, таа истакна дека следи четири правила.
„Пијам многу вода, вежбам секој ден, се трудам да јадам цела, свежа храна и да спијам колку што можам повеќе“, изјави 54-годишната актерка, наведувајќи дека поголем предизвик ѝ е да спие повеќе.
Покрај тоа, таа вели дека внимава што прави секојдневно и какви медиумски содржини консумира. Затоа, не претерува со гледање вести.
„Нашиот свет навистина минува низ некои предизвици и знам дека сите се грижиме многу, но понекогаш мислам дека е императив да ја исклучиме вревата“, додаде таа.
Кога станува збор за вежбањето, истакнува дека го користи таканаречениот Pvolve метод. Ова е метод што ја користи науката за одредување и комбинирање на функционална кондиција со мал напор и опрема базирана на отпор.
„Ги охрабрувам луѓето да го пробаат и да се уверат сами. Без оглед на нивото на вашата кондиција, тоа е тренинг каде навистина можете да започнете таму каде што сте. Тренинзите се помалку стресни“, додаде Анистон.
Неодамна, Анистон откри нова фитнес програма во која инстрантно се вљубила. Станува збор за Pvolve метод, кој соединува функционални тренинзи и опрема со отпор.
„Мотивирана сум да вежбам како што не сум била со години. Се радувам на попредизвикувачките часови и се чувствувам посилно и поудобно во моето тело кога го правам тоа. Секојпат е различно, мислам дека не сум имала ист час двапати“ – открила Анистон.