Џенифер Анистон ги „загреала“ гласините за својата нова романтична врска – актерката од серијата „Пријатели“ неодамна имала средба со ѕвездата од серијата „Момците од Медисон“, Џон Хем.
Имено, 53-годишната актерка била забележана како ужива во разговорот со овој 51-годишен колега од серијата „Утринско шоу“, Џон Хем додека продавала протеински производи во видео кое во средата го споделила на социјалната мрежа Инстаграм.
Инаку, тие двајца романтично ги поврза таблоидот „Star“, но актерот јавно зборуваше колку е вљубен и дека сака да биде со својата девојка Ана Оскеол. Во меѓувреме Анистон есенва за магазинот „Allure“ изјави дека сака да се забавува и дека е отворена за нова љубов по двата разводи.
Анистон сега споделила видео на својот Инстаграм профил на кое се гледа како продава протеински производи од компанијата „Vital Proteins“. Актерката пред две години склучила деловна соработка со компанијата која се занимава со додатоци во исхраната.
Како што пренесува „Daily Mail“ разни таблоиди веќе изразиле сомнеж дека Анистон и Хем веќе се во љубовна врска. Но, Хем би требало да е во долгогодишна врска со Ана Оскеол.
Од друга страна, во животот на Анистон сигурно би имало место за нова љубов: таа од 2017 година е разведена од поранешниот сопруг Џастин Теро. Тие двајца биле во брак две години. На актерката првиот брак ѝ траел од 2000 до 2005 година, со колегата Бред Пит.