Џенифер Анистон штом си направи профил на Инстаграм, стана една од најследените јавни личности на оваа социјална мрежа, па така, секоја нејзина објава добива повеќе лајкови од сите претходни.
Ѕвездата на омилената серија „Пријатели“ објави фотка во костим за капење и делумно покажа во каков рај ужива, но и ги воодушеви сите со својот потполно природен изглед.
Без филтер, без апликации, без било какво уредување на фотографијата, кое во денешно време го користат сите јавни личности, Џенифер покажа дека совршено ги носи своите години.
За само 15 часа, оваа фотка собра повеќе од милион лајкови, а обожавателите не престануваат во коментари да ѝ доделуваат комплименти.