Џенифер Анистон го покажа тонираното тело во фотосесија за People.
Во интервјуто за популарното списание, 55-годишната актерка откри какви вежби практикува за да го одржува своето тело во завидна форма.
Ѕвездата од „Пријатели“ признава дека топ приоритет ѝ е грижата за себе, правилната исхрана и менталното и физичкото здравје.
Откако случајно ја открила, Анистон не се откажува од програмата за вежбање Pvolve која соединува функционални тренинзи и опрема со отпор. Таа вели дека сега конечно може да ужива во тренинзите, без да си го „крши телото“.
„Можеш всушност да уживаш во вежбањето, без да ги со искршиш телото и повторно да имаш неверојатна трансформација. Од сите тренинзи кои ги имав испробано низ годините, овој ми го трансформираше телото повеќе од сите други. Навистина се вежби во кои можете да уживате. Знам дека кога немам 100% енергија, можам да извежбам само 20 минути и толку. Овој тренинг ти ги следи потребите и го обожавам за тоа“ – вели Анистон.