Актерот Џеки Чен открил како незрелоста и несигурноста во младите години влијаеле на него.
Му се случувало да пие и да вози и во еден ден да уништи два луксузни автомобили, а трошел пари и на проститутки.
„Сите знаевме, дека ако нешто тргне на лошо, нема да го доживееме изгревањето на сонцето
следниот ден. Живеевме брзо и неодговорно ги трошевме парите. Исто така многу пари потрошив и на проститутки“, напишал Чен во својата автобиографија.
Тој вели дека секогаш со него носел многу пари бидејќи сакал да го чести своето друштво.
„Секој оброк ми беше со големо друштво, па така пред десет години потрошил за една година
1.760.000 евра на туѓи јадења“, вели актерот.