Поранешниот фудбалер на Јувентус и Челзи, Џанлука Вијали минатата година откри дека ја води најголема борба во својот живот – борбата против ракот. Во разговор за италијанскиот „Коријере Дела Сера“ Џанлука призна за тоа како се чувствувал кога лекарите му кажале дека има рак.
– Најтешко ми беше да им соопштам на најблиските: родителите, браќата, сестрите, сопругата и нашите ќерки, Оливија и Софија. Сознанието дека имаш рак носи чувство на срам, како да си сам крив што си го добил. Сакав да бидам и понатаму тој Вијали, оној како што го знаеја претходно. Својата приказна сакав да ја раскажам во книга – открил тој.
Легендарниот фудбалер во последните месеци е нешто подобар, со помош на хемотерапијата се чини полека ја добива битката со ракот. Но, ретко кој може да го препознае на фотографијата некогаш славниот фудбалер, кој беше брилјантен во тандем со Роберто Манчини. Страшна фотографија која го шокираше фудбалскиот свет.
„Се чувствувам подобро, пред се физички. Но рано е да кажам дека целосно сум ја победил болеста“ вели Вијали.
Инаку, Џанлука Вијали ја започна својата фудбалска кариера во Кремонезе, па продолжи во Сампдорија, Јувентус и Челзи. Во 1998 година, тој ја започна својата тренерска кариера во Челси, а потоа го водеше Ватфорд. Тој одигра 59 натпревари за репрезентацијата на Италија.