Џамија во скопско Арачиново ќе добие возило од Агенцијата за управување со одземен имот. Ваквата одлука ја објави директорот на Агенцијата, Дритон Небиу.
Агенцијата како што има напишано Небиу, обезбедила и пуштила во процедура издавање на транспортно возило за услугите на џамијата во општина Арачиново.
– Со оваа донација покажуваме дека Општина Арачиново не е „заборавено село“, туку е општина која заслужува и има безброј потреби за грижа, токму од државните институции. Затоа мојата соработка со граѓаните ќе биде континуирана. Нашите активности ќе продолжат, нема да застанеме тука, објави Небиу.
Агенцијата за управување со конфискуван и одземен имот може да постапува и да додели на државна институција или да ги понуди на аукција. Претходното раководство на Агенцијата се пожали дека Македонија е преплавена со конфискувани возила, но не може да постапува затоа што нивната правосилност е заглавена во бавните судски процеси.