Македонскиот, а светски познатиот трубач, Џамбо Агушев, по четврти пат стана татко.
Агушев го сподели и името кое со неговата сопруга го одбрале за штотуку родената ќеркичка.
-Добредојде мила ќерко, Алина – напиша тој покрај фотографиите од болница со сопругата и новородената ќерка.
Инаку, Џамбо и неговата сопруга Асена се во брак 12 години. Плод на нивната љубов се ќерката Севги, синот Мерт, ќерката Мелинем и сега новородената ќеркичка Алина.