Денеска е тажен ден за Џамбазов, затоа што се навршуваат 8 години од смртта на неговото куче, Бошко. Тоа беше од расата џуџест пинч, а шоуменот во неколку наврати ја истакнуваше нивната љубов и поврзаност.
Македонскиот шоумен Игор Џамбазов живее за блуз музиката. Тоа е факт, а големиот пријател на сите генерации веќе долги години се обидува да живее и така.
Како еден блузер, кој си ја сака музиката, се внесува и ужива во истата. Секако, тоа не би било можно без, на некој начин, неговата десна рака, гитаристот Игор Атанасовски – Гуру Харе кој го придружува на сите концерти, а фотографиите од нив двајца делуваат моќно.
Иако беше голем противник на социјалните мрежи, Игор Џамбазов се почесто е актуелен на својот Инстаграм профил, каде постави фотографија како е понесен од блуз музиката и напиша „Дај ми малку блуз, бејби“. Сепак, денеска е тажен блуз за Џамбазов