Игор Џамбазов се присети на својот дедо, легендарниот актер Петре Прличко. Џамбазов објави црно-бела фотографија од времето кога со Прличко заедно играа во серијата “Волшебното самарче”. Сликата е од 1975 година. Во своите книги, Игор често раскажува анегдоти за својот дедо. Пред да почине, Џамбазов на шега му рекол на својот дедо: “Кај си бе вампир, ти уште не умре? На тоа Прличко му одговорил: Колку години имал Тито кога умре? 88. Епа уште имам време.”
Прличко почина токму на 88 години, во 1995 година.
“Од дедо ми научив да го сакам театарот”, изјави Џамбазов.