Ништо од најавитe дека од 17 август со негативен ПЦР тест ќе може да се влегува во Грција.
Од грчката амбасада за Канал 5 потврдија дека информацијата е погрешна, и дека до 15 август останува одлуката граничните премини да останат затворени.
Се разгледува опцијата за после 17 август за лицата кои имаат неодложна потреба да патуваат во Грција или се грчки државјани да мора задолжително да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, но тоа сепак не е конечна одлука и сеуште се разгледува.
Инаку, од 16 август од граничниот премин Какавија ќе може да влезат само 750 лица дневно.
Одлуката е донесена по неодамнешното зголемување на бројот на случаи на коронавирус во земјата и ќе стапи во сила на 16 август, објави грчката влада.
Посетителите што доаѓаат во Грција од Шведска, Белгија, Шпанија, Холандија и Чешка треба да имаат доказ – тест дека се негативни на коронавирусот. Грчката влада соопшти и дека тоа ќе биде потребно за сите посетители што влегуваат во Грција преку нејзините копнени граници вклучувајќи ги и грчките државјани што се враќаат дома.
Исто така, беше соопштено дека рестораните и баровите на Крит, во Солун, на Халкидики, Миконос, Парос, Санторини, Антипарос, Закинтос и на Кос не може да работат помеѓу полноќ и 7 часот.