Лорен Санчез, девојката на Џеф Безос, го запознала Леонардо ди Каприо на изложба во Лос Анџелес, а на социјалните мрежи кружи видео на кое таа фасцинирано гледа во холивудскиот актер, не обрнувајќи внимание на своето момче.
Двојката налета на Ди Каприо на 10-тиот годишен фестивал за уметност и филм во Музејот на уметност во округот Лос Анџелес (LACMA) претставен од Гучи.
„Кога имаш милијарди, а не си Леонардо ди Каприо“, „Најди некој што ќе те гледа како што девојката на Џеф Безос го гледа Леонардо ди Каприо“, се само дел од коментарите кои кружат на социјалните мрежи.
Џеф Безос, основачот и поранешен извршен директор на Амазон, веројатно нема причина за загриженост со оглед на тоа дека е еден од најбогатите луѓе на планетата со нето богатство од 177 милијарди долари. Тој се разведе од сопругата Мекензи Безос во 2019 година и објави дека е во врска со атрактивната Лорен Санчез. Со развод тој изгубил над 38 милијарди долари.