Пејачката Неда Украден повторно се пожали дека поради пандемијата на коронавирусот и пропаѓа бизнисот што го започнала со нејзината ќерка и зетот.
– Инвестиравме премногу работа и средства во нашата семејна игротека и салонот за убавина за сега да ги оставиме. Се трудиме со големи напори, луѓето да не ги напуштаат своите работни места – рече пејачката во интервју за „Стори“.
„За жал, нема многу разбирање за оваа дејност, па сами ги сносиме трошоците во оваа повеќемесечна блокада. Се надеваме дека имаме подобра година пред нас.“
Покрај тоа, Неда откри дека е при крај со нејзината автобиографија, која започна да ја пишува за време на двомесечниот карантин што беше прогласен во првата половина на минатата година.
„Деновиве го пишувам ракописот и значително го менувам и дополнувам текстот. Сликите сами навираат, бидејќи мојот живот и кариера се одвиваа на повеќе места – држави, градови, адреси. Тука се и сите тие одлични луѓе, автори, песни, концерти, патувања … Тоа ќе биде многу интересна книга“, истакна Украден.
Инаку, Неда Украден беше меѓу првите естрадни уметници која се пожали на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Таа јавно побара помош од државата, поради што многумина ја осудија и поставија на столбот на срамот, истакнувајќи дека има над 30 години успешна и плодна пејачка кариера, па сигурно нешто „тргнала на страна“.