Грчкиот атлетичар Мариос Гианакау ја заврши трката во својот живот во понеделникот откако се искачи на врвот на планината Олимп носејќи ја на грб жената со инвалидитет Елефтерија Тосиу.
-Нема ништо пореално од сонот – напиша Гианакау на Инстаграм, откако во 9:02 часот по локално време се искачи на Митикас, на врвот на планината на Боговите.
Тосиу има 22 години и е студентка по биологија во Солун. Двајцата се сретнаа во септември, а девоката му ја откри на младиот човек својата желба да се искачи на највисокиот врв на Олимп, патека што спортистот веќе успешно ја завршил 50 пати.
Но, 51-от пат, рече тој, е најпосебен за него. Пред искачувањето, тој рече дека ќе се искачи на највисокиот врв во Грција на почетокот на октомври, носејќи ја Елефтерио на грб во специјално изработен ранец.
Искачувањето до врвот траело подолго од 10 часа. Со нив исто така оделе и осум членови од посадата, а кога стигнале на висина од 2.400 метри, направиле пауза и таму ја поминале ноќта, пред во понеделникот во 6 часот да го продолжат патот кон врвот на планината, кој што е на 2.918 метри.
Мариос изјавил дека на својата пријателка ѝ помогнал да го оствари својот сон кој што за неа изгледал невозможен.
Премиерот на Грција, Мицотакис, на двајцата им честитал за овој успех.