Згодна “плавуша“ ги шокираше жителите на шпанскиот туристички град Торемолинос откако целосно гола се качи на полициско возило и почна да скока.
Претходно, полицијата ја уапси поради кршењето на мерката на самоизолација поради коронавирус и вознемирување на комшиите, но набргу со кауција била пуштена. Но, веднаш откако го напушти притворот згодната 40-годишна жена запчнала гласно да протестира, па полицијата морала повторно да ја приведе.
Но, додека ѝ ги ставале лисиците, жената извела несекојдневен перформанс. Набрзина се соблекла гола, се качила на покривот на возилото и почнала да скока.
На крајот, за да ја смират нервозната жена, полицијците морала да употребат и пендрек.