Сара Брејди го обвини холивудскиот глумец Џона Хил за емоционално злоставување во текот на нивната врска.
Таа објавила пораки за кои тврди дека тој ѝ ги праќал, а во кои се изнесени „границите на пристојното однесување“ кои ѝ биле наметнати.
Според тие пораки, Џона Хил ја критикувал поранешната девојка доколку објавела фотографии на кои позира во бикини, а споменатите граници биле ултиматум за нивното „романтично партнерство“.
Сара Брејди (26) и 13 години постариот Џона Хил ја започнале врската во 2021 година, а раскинале минатата година. Тој неодамна добил дете со Оливија Милар, а како што тврди неговата поранешна девојка, токму тоа била причината сега да ги изнесе деталите.
„Не сакав да се види ова додека таа е бремена затоа што не знаев каков стрес тоа би предизвикало за неа и за бебето“, напишала таа на Инстаграм стори и додала: „Само се надевам дека ќе дознае за ова преку пријател, на пример преку пријателот којшто ме запозна со него, знам дека тие се добри луѓе и дека ќе се потрудат да ја заштитат“.
Сара спомнала дека сака Оливија да дознае каков е Џона во суштина за да ја донесе правилната и најдобрата одлука за неа и за нејзиното бебе.
Во пораките кои ги добивала Сара, Џона ѝ пишувал дека таа би требала да престане да се занимава со манекенство и дека не смее да има „непристојни врски со мажи кои би преминувале одредени граници“.
Забрането ѝ било и „пријателство со жени кои се од сомнителни места и имаат диво минато“, а единствено ѝ било дозволено да оди со него на ручек или кафе. Исклучително му пречеле фотографиите на кои таа позира во танга и кои ги објавувала на социјалните мрежи.
Сара Брејди тврди дека Џона Хил „е нарцисоиден човек којшто ги мрази жените“. Актерот засега не се оглсил по овој повод. Тој минатата година ги избришал сите профили на социјалните мрежи и кажал дека 20 години се борел со анксиозност.
Хил неодамна ја иницирал сатиричната линија на облека „Meaningful Existence“. Во колекцијата е т.н. емоционална чанта на која пишува „целосно непропустлива контрола“ што многумина ја оцениле како непристојна.