Македонската актерка Јана Стојановска во естрадниот магазин „Бекстејџ“ за прв пат во јавноста зборуваше за апсењето на мајка ѝ Силвија Стојановска и истакна дека верува во нејзината невиност.
Јана која неодамна стана мајка и живее во Букурешт каде нејзиниот сопруг игра кошарка за тамошен клуб, потенцираше дека е лута на дел од медиумите кои што веднаш ја осудија Силвија и кажа дека нејзината мајка која е во домашен притвор и чува внук, во моментов се чувствува добро.