По многу шпекулации дали кралското семејство јавно ќе им се обрати на војводата и војвотката од Сасекс по интервјуто за Опра Винфри, Бакингемската палата во вторникот објави изјава во име на кралицата. Во пораката стои дека палатата ќе ги разгледа покренатите прашања, особено оние во врска со расизам. Палатата исто така нагласува сите прашања ќе бидат разгледани од кралското семејство приватно.
А сега, објавено е дека кралицата планира да зборува со двојката лично, како гест на добра волја, објавија бритнаски медими во четвртокот.
Монархињата, наводно, ќе разговара со нејзиниот внук и неговата сопруга на телефон во текот на следните денови, бидејќи смета дека е време да заземе повеќе личен пристап. Таа дала строга наредба нa кралскиот персонал јавно да не зборува за ситуацијата.
За време на нивното интервју, војводата и војвотката од Сасекс истакнаа дека нивната врска со бабата на принцот Хари останува силна.