На 75-годишна возраст почина српската актерка Весна Малохоџиќ.
Малохоџиќ се поврзува со „златното доба“ на југословенската телевизијата, во цутот на сериските и филмските програми.
Во својата долга и богата кариера има остварено бројни улоги во филмовите „Једанаеста заповест“, „Права љубав“, „Живот је масовна појава“, „Сутјеска“, „Трен“, „Није него“, „Ноч пуног месеца“. Особено ќе ја паметиме по улогата во Тесна кожа“ 2 и дел 4.
Гледачите ќе ја паметат и од телевизиските серии „Куда иду дивље свиње“, „Вруќ ветар“, „Изданци из опаљеног грма“, „Димитрије Туцовиќ“, и многу други.
За улогата во серијата „Вук Караџиќ“ е добитник на „Гран-при на Европа“ за најдобро актерско остварување во 1988 година, а ја доби и главната награда за женска улога во филмот „Роман о контрабасу“ на фестивалот во Монтре. Последната улога ја одигра во телевизискањта драма „Сеоба Срба“ во 1994 година.