Инцидентите што неколку дена се случуваат во Слупчане, наидоа на лавина реакции во јавноста. Меѓу таквите што реагираа е и адвокатот Јанаки Митровски.
„ Ќе чуеме ли еден политичар од ДУИ, Беса, Алтернатива, АА, некој интелектуалец Албанец да излезе со јасна и остра осуда на племенското однесување на Слупчанци?!
Валда не се луди Албанците во Карпош, Нерези, Сарај што плаќаат струја?
Каде го има ова уште барања си пуштаат максимум 3.000, па дај и за мене нека важи, зарем не !
Да не ги пресметува ЕВН загубите на нас будалите што плаќаме не би ми чуело ама јас да плаќам за некои силеџии, што е многу многу е!!!
Се нашло па се зашто уста полна права ама неми кога збориме за обврски!!!!“, напиша тој на Фејсбук.