Германскиот научник Михаел Пионтек е убеден дека ќе може да му овозможи на светот вакцина против корона по пристапна цена, пишува Дојче Веле.
Далеку од очите на медиумите Пионтек во својата мала фирма Artes Biotechnology, од градот Лангенфелд, на западот од Германија, на база на квасец, направил успешна вакцина против хепатитис Б, а сега се надеваат дека на ист начин ќе дојдат и до вакцината против коронавирусот.
„Ако пристапот до „БајоНТек“ функционира, тогаш и нашиот пристап ќе биде успешен. На крајот на краиштата, користиме ист протеин, но го добиваме на различен начин“, вели Пионтек.
Експериментите на животните веќе почнаа, а лиценца добија две големи азиски фирми, ко произведуваат вакцини и веќе го подготвуваат производството. Пионтек се надева дека вакцината ќе биде на пазарот во втората половина од следната година.
„Ќе има две огромни предности. Првата е подобрената безбедност, затоа што веќе на истата база на квасец, постојат и други вакцини. Имаме голема количина на податоци за тоа и знаеме како функционираат и дека не штетат на никого. И второ, со помош на квасецот ова ќе не чини многу, многу поевтино“, додава научникот.
Пионтек тврди дека неговата вакцина ќе чини далеку помалку од едно евро по доза. За разлика од неговата вакцина, во САД, за една доза од „БајоНТек“ вакцината, луѓето ќе мора да потрошат 17 долари. А, за имунизација, потребни се две дози за една личност.
Најголем дел од заработката ќе заврши кај производителите, но дури и да е така, маржите се сосема добри.
„Кај фирмите кои се на берзата, вложувачите веќе имаат инвестирано многу пари и сега сакаат тоа да им се врати. Тоа не е случај со нас. Ние веќе бележиме профит. Ние можеме ниските трошоци за производството, директено да ги префрлиме на муштериите“, вели тој.
На прашањето дали тогаш актуелните фаворити меѓу вакцините, се всушност повеќето од западниот свет, а помалите се од сиромашните земји, тој вели дека тоа е така, но не само поради цената.
„Многу вакцини на база на RNA, мораат да се складираат и да се пренесуваат на минус 70 степени Целзиусови“, објаснува Пионтек.