Европската централна банка од 28 мај (вторник) во оптек ќе пушти редизајнирани банкноти од 100 и од 200 евра. Овие банкноти се последни од серијата “Европа“ од која веќе претходно се пуштени во оптек редизијнираните банкноти од 5, 10, 20 и 50 евра, со тоа што банкнотата од 500 евра веќе нема да се печати.
Новите банкноти вклучуваат различни холограми на сребрената лента и „смарагден број“ што ја прикажува деноминацијата, овој пат во посилна форма со мали симболи „евро“ во внатрешноста на броевите. Сите нови банкноти се и со подобар систем на заштита.
Инаку, старите банкноти од 100 и 200 евра и натаму ќе бидат во оптек и нема потреба да се менуваат во банка. Истото се однесува и за 500 евра кој останува ви оптек се додека комплетно не биде повлечена.