Пејачот Маријан Стојаноски се ожени со својата долгогодишна девојка Наташа Каранџуловска.
Двојката убавата вест ја откри со фотки на социјалните мрежи, направени по регистрацијата во матично.
Со маски на лицето, покрај кејот на Вардар, Маријан и Наташа направија фотосесија.
-Фамилија Стојаноски, – напиша Наташа под фотографиите на кои се гледа трудничкото стомаче.