Според пишувањата на магазинот ОК!, еден од најпосакуваните ергени, Леонардо Дикаприо, се оженил со својата девојка Камила Мороне, со која се забавува изминативе две години. Според овие шпекулации, парот се одлучил на овој потег уште пред доделувањето на Оскарите, кое се одржа на 9 февруари. Причината за нивната тајна венчавка наводно е бременост.
Споменатиот магазин тврди дека свечената церемонија се случила на приватен остров на Бахамите, непосредно пред доделувањата на Оскарите.
„Се обидуваа веста да остане тајна, но сепак одлучија да прослават со неколку колеги. Беше многу, многу забавно, имаше смеење, прегратки, но и солзи радосници“, раскажал анонимен извор кој додал дека парот навистина сака да се оствари во улогата на родители.
„Многу посакуваат да станат родители, поради што сите се радуваат на гласините дека Камила е бремена“, рекол изворот.
Леонардо, наводно, Камила ја запросил со помош на својот пријател Бред Пит.
„Бред зад себе има неколку брака, па му даде неколку насоки на Лео околу запросувањето, со цел да биде совршено. Наводно, Камила кажала да“, откри истиот извор.