Принцезата Леонор, наследничка на шпанскиот трон и иден командант на армијата, во септември ќе започне тригодишна воена обука, објави шпанската влада.
Ќерката на актуелниот крал на Шпанија, Фелипе Шести, во октомври ќе наполни 18 години.
Кралското семејство одлучи дека таа „треба да помине воена обука, како нејзиното кралско височество и како што е вообичаено во другите парламентарни монархии“, изјави министерката за одбрана Маргарита Роблс за новинарите по состанокот на владата.
Исто така, Маргарита нагласила дека обуката ќе започне во септември, кога идниот шеф на државата ќе заврши средно образование.
Планирано е студирање на Генералната воена академија во Сарагоса, во морнарицата и во воздухопловните сили.
Леонор ќе стане првата жена на чело на војската во Шпанија.
Ако принцезата го следи истиот пат како нејзиниот татко, таа подоцна ќе студира на шпански универзитет. Фелипе Шести дипломирал право на Универзитетот во Мадрид.
Принцезата потоа треба да магистрира во странство, бидејќи нејзиниот татко студирал меѓународни односи на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон.