Пејачката Тијана Дапчевиќ објави фотографија од плажа со која испраќа силна порака до сите жени да бидат самоуверени, природни и свои и да го живеат животот без филтери.
Таа заедно со семејството замина за Грција каде веднаш се соблече и започна да се сонча на плажа.
„Јас на море. Сега мојата мајка би рекла: „Тијана не можеш да ја почнеш реченицата со ЈАС, а ЈАС би ѝ кажала да можам и можам да се сликам со голи нозе и со целиот целулит затоа што е МОЈ и нема да филтрирам, бидејќи секоја бразда на моето тело е МОЈА и секоја има своја приказна на која сум горда или како што би кажала една моја пријателка САКАЈ СЕ СЕБЕ И НЕКА ТОА СЕБЕ ТЕ САКА ТЕБЕ“, напиша Тијана на Инстаграм.
Пејачката на Инстаграм доби огромен број на позитивни коментари од луѓе кои го поддржуваат овој став.