Најголемата светска пивара “AB InBev“ позната по пивата “Bud Light“ i “Stella Artois“ и канадската компанија “Tilray“ планираат со заедничка инвестиции да произведуваат сок од канабис. За таа цел тие ќе вложат 100 милиони долари во истражувањето на безалколниот пијалок со канабис.
На почеток пијалокот ќе се пласира само во Канада, а ако компаниите бидат задоволни од исплатливоста на инвестицијата, продажбата ќе се прошири и во Европа.