Довчерашниот уредник на “Фокус“ и на три дневни весници, „Вечер“, „Дневник“ и „Нова Македонија“, Зоран Димитровски е нов генерален секретар на Демократскиот сојуз. Тој е избрана на од страна на Централниот совет на партијата, на седницата каде што главна тема биле предвремените парламентарни избори, подготовката на програмата и можните кандидати.
– Демократскиот сојуз е подготвен за учество на парламентарните избори, при што е отворен за соработка со партии кои се за робусна борба против криминалот, системски промени за воспоставување на владеење на правото и законите да важат за сите, правна сигурност и стабилност на државата, како и за посебна платформа за обезбедување услови младите да можат да создаваат, да творат и да обезбедат пристоен живот во Македонија – велат од ДС.