Поради зголемениот број нови случаи на заразени со коронавирус во дел од скопските општини, Тетово и Штип, на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести се разговарало за можно враќање на полицискиот час во Чаир, Штип и Тетово, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во комисијата.
„Се размислува да се врати полицискиот час во Скопје, Тетово и Штип, најмногу поради тоа што младите се собираат по паркови, на Водно и слично, а сендвичарите, пицериите и пекарите, сите работат и по 22 часот, практично цела ноќ“, изјавил еден од изворите, кој не е овластен да дава официјални изјави.