На Јутјуб се појавија снимки на кои се слуша како еден од соговорниците за кои медиумите тврдат дека е осомничениот бизнисмен наводно бара „да се договори“ преку блиски до власта за да не „бомбардира“ со аудио снимки од Бугарија како Ким Јонг.
Шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска која го води случајот Рекет за дел од медиумите изјави дека аудио снимките кои пред помалку од 12 часа беа објавени на Јутјуб не се дел од доказите кои странките во постапката им ги доставиле.
– Првпат ги слушам. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени, вели Русковска и додава дека обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на Јутјуб.
Во случајот Рекет обвинета е поранешната обвинителка Катица Јанева за примање поткуп и злоупотреба на службена должност, а менаџерот на 1Т Бојан Јовановски – Боки 13 за перење на пари и противзаконото влијание.
Разговорите биле објавени на Јутјуб на ОВОЈ линк.