Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе го прослави својот 68 роденден.
Портаролот на Кремаљ, Дмитриј Песков информира дека во претпладневните часови Путин ќе биде на своето работно место каде веќе има закажано десетици телефонски разговори. а ќе присуствува и на состаноци околу внатрешните работи во државата.
Остатокот на денот, според традицијата, рускиот претседател ќе го помине со пријателите и семејството.