Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ има намера да купи голема површина во Будва, познато летувалиште на црногорското приморје, со цел да изгради голем комплекс со терен за голф, хотели и други капацитети, тврди црногорскиот весник „Вијести“.
Според она што се најавува би станувало збор за спортски комплекс кој би имал хотели, разни придружни елементи и терен за голф. Проектот би се реализирал и со помош на Инвестицискот фонд од Обединетите Арапски Емирати, се проценува дека вредноста би била околу 300 милиони евра.
Наводно, Ѓоковиќ веќе го посетил местото каде што треба да се гради овој комплекс. Објавени се и детали за теренот за голф кој би бил со 18 дупки и ако информациите се точни тоа ќе биде единствениот со таква големина во овој дел на Европа.