Во ерата по коронавирусот, државата ќе ја зајакне својата улога и социјална тежина, додека глобализмот ќе биде ограничен на објективните потреби на општеството, пишува сенаторот на Советот на Федерацијата, Алексеј Пушков, во напис за „Росијска газета“.
Политичарот истакнал дека дури сега Русија, Кина, Индија, Турција или Иран, како и многу други земји, не го признаваат моралното право на САД да го водат современиот свет. Наместо тоа, концептот за „мултиполарен свет“ добива се повеќе поддржувачи. Во неговите рамки се истакнуваат трите држави кои имаат најголемо влијание врз меѓународната политика, смета авторот на статијата. На овој начин, смета тој, светот престанува да биде „униполарен“ и станува „триполарен“.
„Во овој триаголник двете краци – Русија и Кина – се многу поблиски едни со други отколку што се со САД. „И тоа делумно ќе ја балансира се уште супериорната моќ на Соединетите американски држави во неколку насоки“, потенцираше Пушков.
Пратеникот истакна дека глобалниот свет нема да исчезне, но ќе се промени силно.
„Нема да се збогуваме со глобалниот свет, но ќе биде поинаку. Ќе живееме поинаку во него“, заклучи Пушков.
Сенаторот претходно твитна дека Русија има место во „триаголникот на државите“, што ќе ја замени хегемонијата на САД.