Британецот Пол Пристли лесно може да заврши во затвор поради неговата опсесија. Тој веќе ја доби првата казна, а тоа е условна казна од девет месеци за допирање на рачките на вратите. Дополнително, судот за прекршоци му изрече условна казна од пет години во која мора да се воздржува од допирање на рачки на врати, пишува ITV News.
Имено, Пристли е зависник од рачки на вратите од автомобили, секако и од туѓите. Ако додадеме дека често сака да ја отвора вратата и да ѕирка во внатрешноста на автомобилите, станува јасно каде оди оваа приказна. Според медиумите, Пристли е повторен крадец кој во текот на својата 29-годишна кариера како провалник собрал стотици кривични пријави.
44-годишниот маж е на слобода од јуни минатата година, а неодамна е снимен како ја допира рачката на вратата од туѓ автомобил и се обидува да ја отвори.
Пристли бил фатен на местото на настанот, а кај него биле пронајдени нож и марихуана. Неговиот адвокат нагласил дека Пристли не се дрогира, и дека не извршил никакво насилно дело. Основата на одбраната е дека тој е зависен од допирање на рачките на вратите на туѓите автомобили.
Полицискиот наредник Оливија Циани рече: „Пристли ќе ја ризикува својата среќа пробувајќи ги рачките на вратите од автомобилот додека не најде отворена и ќе бара нешто вредно што потоа може да го продаде за готовина.
Сè на сè, дури и со додадена 10-дневна програма за рехабилитација, се чини дека Пристли се справи добро и доби уште една шанса да се приклучи на општеството. Се надеваме дека ќе се ослободи од зависноста.“