Градоначалникот на Општина Лозово, Ацо Велковски, го посети селото на Атиџе за да и помогне во врска со нарушените меѓучовечки односи со комшијата Хусеин.
„По добиените информации од страна на медиумите за помошта која ја побара Атиџе нашата хероина од Медена земја , а која живее во с.Бекирлија општина Лозово која пријави проблем за нарушени меѓучовечки односи со комшијата Хусеин и дека животот и бил загрозен , веднаш ја побарав на телефон но не беше достапна. Добив информација дека е во село Бекирлија. За да помогнам како Градоначалник, денес лично разговарав со нејзиниот комшија Хусеин со кој имаат нарушени меѓучовечки односи , кој моментално беше во село Дорфулија со кој разговарав да се надмине нивниот проблем кога се заедно во село Бекирлија.
Во разговор со Хусеин најдовме заедничко разбирање си подадовме рака дека заедно ќе ја смириме целата ситуација и за време на викендов заедно ќе одиме кај Атиџе во с.Бекирлија да се помират меѓу себе и да испиеме заедно пријателско кафе и да живеат како добри комшии.Во моментов на нашата хероина Атиџе не и е загрозен животот од страна на Хусеин , ќе се стабилизира ситуацијата и ќе се надмине проблемот со нарушените човечки односи.Исто така добив информација дека кај Хусеин веќе биле службени лица од Полицијата со кој обавиле разговор и се упатиле спрема село Бекирлија кај што моментално престојува Атиџе“ напиша Велковски на Фејсбук.